MakDom – Струга туристичка дестинација вредна да се посети

Струга е место каде природната убавина се среќава со вековната традиција и  место каде може да се доживее многу разновидна културна и туристичка понуда, во комбинација со релаксирачки плажи и традиционална македонска кујна. Оддалечена на околу 14 километри од Охрид,  Струга е место кое вреди да се посети и да се помине ден-два во откривањето на многуте незаборавни и уникатни искуства коо Струга и околината ги нуди. Да се истражи Македонија е невозможно без да се помине барем еден ден во Струга.

Сместена во југозападниот регион на Македонија и сместена на брегот на Охридското Езеро, Струга е уште еден град кој го збогатува уникатното македонско културно и природно богатство. Струга изобилува со многу места за посета, културни настани за уживање и беспрекорни пејзажи вредни за уживање. Проследено со традиционална храна, убави и релаксирачки кафулиња и ресторани, кои нудат прекрасен поглед на езерото ја прави Струга совршено место за живеење и одлична туристичка дестинација за престој и патување.

Струга

Опишана од трговците и патниците низ вековите како живописна и енергична дестинација  , Струга не изгубила ништо од својот шарм. Струга е дом на стара архитектура и голем број на цркви кои датираат одамна, има многу што да се види наоколу. За вљубениците во патувањето имаме неколку совети доколку сакаат да ја посетат Струга:

Црн Дрим

1.Црн Дрим

Она што сепак и дава препознатлив лик на Струга е реката Црн Дрим која тече од езерото и се протега низ целиот град. Шеталиштето покрај коритото на реката, е она што би го сметале за центар на градот, со многу ресторани и барови каде што можете да пиете кафе и да уживате во пријатни вечерни прошетки.Мостовите покрај реката само додаваат карактер на градот кој е центар на поетската манифестација “Струшки вечери на поезијата“

Брегот на езерото и самиот Црн Дрим нуди многу простор за уживање покрај плажа, а меѓу нив трите главни плажи се: Галеб, Машка и Женска плажа. Исто така  можете да престојувате и да уживате во неколкуте хотели, апартмани и вили во градот и околината. Езерото е кристално чисто, а температурата на водата е пријатна и нешто потопла од онаа во Охрид. Иако е во сенка на Охрид кога се во прашање културните знаменитости и градската архитектура во целина, Струга нуди плажи кои можат да се натпреваруваат со која било на Охридското крајбрежје.

Стара чаршија

2.Старата чаршија и црквата Св.Ѓорѓија

Покрај брегот на езерото и баровите и рестораните на плажите, можете да прошетате и да ја видите старата чаршија која изобичува со  мноштво на продавници, ресторани и барови. Сè во Струга е во непосредна близина, така што со една проѓетка може да го покриете и центарот на градот и прекрасниот речен тек на Црн Дрим. Посетете ја и црквата Свети Ѓорѓија која е изградена над стара црква од времето на Цар Самуил која датира од 14 век.

Струшки вечери на поезијата

3.Струшките вечери на поезијата

На крајот од Август,  треба да ги посетите Струшките вечери на поезијата. Фестивал кој се состои од неколку посебни настани, со поетски читања од различни меѓународни поети; мултимедијални уметнички настани со експериментални форми на поетски презентации, кои може да вклучуваат и други уметности како музика и видео уметност.Настанот е посветен на главниот добитник(лауреат) на годината што традиционално се одржува во црквата Света Софија во блискиот град Охрид, обично придружен со класична музика, опера или домашна или странска етно музика.

Манастир Св.Богородица-Калишта

4.Манастирот Калишта со цквата Св.Богородица се наоѓа на неколку километри од центарот, сместен на брегот на Охридското Езеро и во близина на рибарските села Калишта и Радожда. Калишта и Радожда се омилени туристички дестинации за туристите поради мноштвото на ресторани, хотели, апартмани, и вили кои нудат одлични специјалите и сместувачки капацитети со поглед на езерото . Елен Камен е исто така извонредна викенд-населба која вреди да се посети, особено доколку сакате да престојувате во многуте приватни вили, апартмани и хотели и кампови со најдобрите погледи на Охридското езеро

Друга карпеста црква е во соседното село Радожда со фрески кои исто така датираат од 13 и 14 век. Архитектурата на оваа црква ве враќа назад до средниот век. Истото важи и за црквата Света Богородица во Враништа, каде што се верува дека бил крунисан цар Самуил.

Blogs
Што е Ново во Тренд

Поврзани Блогови

Регистрирај се за Билтен

Добивајте ги најновите Новости


Newsletter BG