MakDom – Места во Охрид кои не смеете да ги пропуштите

Охрид е град кој со гордост го викам мојот втор дом, бидејќи тоа е местото каде што јас се чувствувам навистина слободен да го направам она што сакам и градот каде што се опуштам. Охрид е познат по своите стари куќи, по најстарото езеро во светот и мноштвото на културни споменици.

Дали знаете дека Охрид е градот на најмногу сончеви денови, кристално чистата вода, лимоните, смоквите, бадемите и оревите, добриот воздух на Охридско Езеро и секако уметничките богатства и црквите кои се вредни за да се отпатува таму.

5 места во Охрид кои не смеете да ги пропуштите:

Самоилова тврдина

Самоиловата тврдина

Самоиловата тврдина – првично изградена од Филип Втори Македонски – е една од најпознатите историски градби. Оваа тврдина претрпела многу промени низ историјата бидејки била користена од повеќе кралеви ( а по името Цар Самоил е најпознатиот помеѓу нив) и народи после Филип Втори. Иако претрпела толку многу промени, тврдината останува едно од најубавите места во Охрид – а можеби и во целата држава.

Музејот на вода-Заливот на коските

Музејот на вода

Музејот на вода е еден од најуникатните локации дури и низ светот. Изграден е врз езерото и е поврзан со копното преку мост во близина на туристичката населба Градиште.  Оваа туристичка атракција претставува живеалиште од железното и бронзеното време. На полуостровот „Градиште“ во Заливот на Коските во периодот на железното и бронзеното време била издигната праисториска палафитна населба која била со големина од околу 8500 метри квадратни.

Света Софија

Света Софија

Црквата Света Софија во Охрид, е само еден од многуте бисери на Охрид, град „основан од Римјаните и од дамнина културен и духовен центар“, точка од каде почнала словенската мисија и кој „својот процут го доживува во доцниот среден век“.

Кафе Бар Ликвид

 Кафе бар Ликвид

Ако сакате поглед, па и пристап до Охридското езеро, нема подобро место од ова кафуле. Од прекрасната тераса може да уживате во едни од најубавите погледи кон Охридското езеро и стариот град. Со сигурност ќе уживате во гостољубивоста на персоналот и во најдобрите коктели во градот.

Трпејца

Трпејца

Трпејца е старо рибарско село и најпосетувана туристичка населба со погледи кон езерото кои ви го одземаат здивот. Сместено е во природен залив меѓу карпите на источниот брег од Охридското Езеро и место каде може да уживате во многуте вили и апартмани со најдобрите погледи на Охридското езеро. До ова село со богата историја пристигнувате на патот од Охрид кон манастирот Свети Наум. Селото е туристичка атракција која  ги пречекува и испраќа вљубениците во утринските далги, гостољубивоста на мештананите и добрите рибни специјалитети подготовени на традиционален начин. Селото особено ќе го засакате поради интимата што ви ја нуди, шетањето со кајче до манастирот Св. Заум и Св. Наум, а уште повеќе ако сте вљубеник во пешачењето, тогаш ќе можете и да фрлите погледи од околната планина Галичица врз бисерното охридско езеро од кои ќе ви застане здвивот.

Blogs
Што е Ново во Тренд

Поврзани Блогови

Регистрирај се за Билтен

Добивајте ги најновите Новости


Newsletter BG