MakDom – Како да го пронајдете вашиот дом од соништата?

Подготвени сте да започнете со пребарување на огласи? Заштедете си малку време така што прво ќе идентификувате што точно ви треба и што сакате во домот користејќи ја маркетинг платформата MakDom.mk.

Куќа или стан?

Кога се двоумите што ќе биде вашиот иден дом, куќа или стан, треба внимателно да ги разгледате сите предности и недостатоци кај двете опции. За вашиот сон да биде реализиран треба точно да знаете како изгледа “тој сон”. Лесно е да се зборува генерално за желбата, да биде голема куќа или стан, модерно уредени итн… За подобро да го насочите пребарувањето за вашето живеалиште, мора да размислите конкретно, колку квадрати ќе изнесува вашиот дом, дали е изграден пред 2000 година или е изграден после 2010 година, дали домот ќе биде опремен или празен..?

Направете листа на вашите потреби и желби

Разберете дека списокот со вашите барања најверојатно ќе се промени кога ќе дознаете повеќе за вашите опции за домување. Одвојте време да направите една листа за проверка и да ги рангирате специфичните карактеристики на домот како „Мора да има“, или „Ми се допаѓа“. Кога купувате нов дом треба да се водите според вашата листа на потреби, кој распоред, која квадратура, што мора да поседува идниот дом, а вас ви е неопдходно? Можеби сакате базен, но веројатно би можеле да живеете без него (размислете за дополнителните трошоци што би следувале за одржување на истиот). Можеби сакате куќа или стан веднаш на брегот од Охридско езеро, но штом утврдите дека цената е многу поголема од вашиот буџет, можно е да одлучите дека и кратко возење до прекрасните плажи во Охрид и не е лоша идеја.

Каков вид на живот сакате да живеете?

Мирна, тивка средина, убава куќа, прекрасни соседи… или срцето на градот, гужва, сообраќај… Кога станува збор за идниот дом најпрво секој треба да размисли во какво опкружување сака да гради живот, дали во блиска иднина планирате да го проширите своето семејство со нови членови… Во тој случај најдобро би било да се одлучите за дом кој во близина ќе има градинка, школо, маркети, парк итн, на кратко да ги има сите услови кои ќе ви помогнат да имате повеќе време за вашето семејство.

Blogs
Што е Ново во Тренд

Поврзани Блогови

Регистрирај се за Билтен

Добивајте ги најновите Новости


Newsletter BG