MakDom – Услови за употреба

Политика за приватност-заштита на лични податоци

 

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на МакДом.мк . Ние посветуваме особено внимание на правото на приватноста и заштитата на личните податоци на нашите корисници. Ние го цениме Вашиот интерес за нашата веб страна и Ви благодариме за посетата на нашиот веб-сајт.

Кога креирате кориснички профил на МакДом.мк, ние ги собираме и чуваме податоците потребни за го креирате Вашиот профил. Со користење на веб-страната на МакДом и верифицирањето на Вашиот кориснички профил, се согласуваат за собирање, обработка и користење Вашите лични податоци од нашата компанија.

 

Тие податоци се:

       Име и Презиме

       Е-маил адреса

       Телефон за контакт

       Локација

       Податоци на огласот

 

       ИП адреса

 

 

Податоците кои ги собираме, се чуваат кај нас во согласност со прописите за заштита на личните податоци. За подетални информации посетете ја страницата Дирекција за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија www.dzip.mk

 

 

Вашите лични податоци се користат исклучиво за овозможување на нашите услуги и подобрување на истите. Личните податоци нема да бидат откриени без ваша согласност на трети лица. Обработка на вашите лични податоци за друга цел, може да се врши врз основа на ваша претходна писмена согласност. 

 

Од наша страна се користат соодветни технички безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите податоци доставени до нас. Нашите безбедносни мерки постојано се унапредуваат во согласност со технолошкиот развој, но сепак не може во целост да се гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегална употреба на истите. 

 

Од тие причини доколку имате сознанија за такво нешто, ве молиме веднаш да не известите како би можеле соодветно да реагираме. Во секој момент вие може да извршите промена, ажурирање, корекција, целосно отрстранување на вашите лични податоци и информации, со соодветно барање доставено до нашата компанија.

 

Од безбедносни причини вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи. Секако Макдом.мк исто така во истражна постапка најтесно соработува со властите.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, овие информации ќе бидат архивирани во нашата компанија во рок не подолг од една година по завршување на рокот на траење на Вашиот кориснички профил,по кое нешто истите ќе бидат избришани.

 

Пред истекот на овој рок , податоците можат да бидат избришани,врз основа на ваше писмено барање,со тоа што сите евентуално одговорности поради тоа ѓе паднат на Ваш товар,односно нашата компанија нема да ги сноси последиците кои евентуално можат да произлезат од Вашето барање.

 

Со поднесување на вашите податоци за употреба, вие се согласувате за ваквото складирање на податоци и трансфер на истите према трети лица, по ваше барање. При тоа се превземаат сите соодветни мерки со цел обезбедување и заштита на вашите лични податоци во согласност со законските прописи.

 

Податоците ќе бидат складирани на посебни безбедносни сервери и истите ќе бидат соодветно криптирани за поголема безбедност.

 

При тоа напоменуваме дека електронските преноси на информации не се целосно безбедни и не можеме да гарантираме целосна заштита и безбедност на истите. Нашата компанија гарантира дека ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на податоците кои ги добиваме по електронски пат.

Регистрација

МакДом.мк им нуди на своите корисници он-лајн услуга. За користење на услугите на МакДом.мк е потребна регистрација,а за секоја платена услуга корисникот е информиран за содржината како и за цените и условите за плаќање. Услугата на МакДом.мк е во оперативна должност непрекинато седум дена во неделата со 90% расположливост во текот на годината. 

 

Од ова се изземени случаите на испад поради одржување и надградба на софтверот, како и времето кога услугата не е достапна на интернет поради технички или други проблеми кои не се под влијание на МакДом.мк (виша сила, трети лица и сл.). Во случај Вашиот профил да биде избришен поради проблеми од техничка природа, враќањето на парите нема да биде можно.

 

За користење на сервисот МакДом во целост, клиентот мора да ги користи најновите пребарувачки технологии или да го овозможи нивното функционирање на својот компјутер (на пр. активирање на Java Skript, Cookies, Pop-ups). Доколку се користат постари технологии или технологии кои не се во општа употреба, можно е да се случи клиентот да може само ограничено да ги користи услугите на МакДом, за што одговорноста е исклучиво на Ваша страна.

Политика за Колачиња (Cookies)

Со цел да ја направиме МакДом полесна и подостапна за употреба, ние користиме cookies. Колачиња (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер од страна на веб-серверот. Нашиот веб-сајт користи колачиња (Cookies) за оптимизирање на нашите услуги, за да може системот да функционира правилно и да го подобри користење на платформата. 

 

Оваа информација е анонимна и не содржи лични податоци. МакДом не собира никакви податоци од овие колачиња. Колачињата се поделени според нивната функција: задолжителни колачиња, за перформанси, за функционалност, за рекламирање и за сесиија.

 

Скоро сите веб пребарувачи се поставени така да примаат автоматски cookies, но ако не сакате да ги користите,тоа може да го сторите со промена на прилагодувањата на веб пребарувачот на компјутерот или мобилниот уред и истите да ги исклучите или да ги избришете.

Ве молиме имајте во предвид дека ако ги исклучите колачиња нема да може да користите некои од функциите.

Сопствена одговорност за содржината

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас. МакДом го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај авторите. 

 

МакДом не гарантира постојана достапност на веб страницата. Огласите на МакДом потекнуваат од корисниците и фирмите. Укажуваме на тоа дека МакДом не дава гаранција за квалитетот, целосноста, сигурноста или легалноста на огласите, како и за комуникацијата на корисниците.

 

Во согласност со чл.14, 15, 17 и 17 од Законот за лични податоци ,по Ваше барање должни сме да ги дополнеме , измениме , избришеме или да го сопреме користењето на Вашите лични податоци во случај на нивна нецелоснот неточност, неажурираност и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на законот. Ваквата должност е и Ваше право во случај доколку се констатира некаков пропуст на податоците од наша страна , за што ќе бидете навремено уредно известени.

 

Доколку Вашите податоци би можело да се употребат за рекламен материјал и слично , за истото претходно писмено ќе побараме Ваша согласност , а крајно за истото имате право веднаш да не известите за Вашето барање податоците да не бидат користени за такви цели.

 

Не е дозволено преку други корисници да се собираат лични информации како е-мејл адреси,телефонски броеви, или истите да се добиваат на било каков начин без согласност од корисниците. Исто така не е дозволено да се копираат, менуваат или прошируваат содржини на туѓи огласи.доколку забележите било каква злоупотреба, Ве молиме веднаш да не известите,како би можеле да превземеме соодветни дејства.

Без двојно прикажување на огласите

Огласот се дава само еднаш и само на локацијата на понудата или побарувачката. Вашиот оглас се појавува на одбраната локација и рубрика и може да се најде преку едно регионално и национално пребарување или пребарување низ Македонија. Повеќекратно давање оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики – не е дозволено.

 

Овие правила важат исто така и за огласи, кои се разликуваат преку слики и формулации, но кои содржински се идентични.

 

Исто така и надрегионалните услуги не смеат повеќекратно да бидат понудени. Огласи со повеќекратни прилози и слична содржина нема да бидат толерирани и веднаш ќе бидат избришани.

Спам, измама, злоупотреба

МакДом не толерира спамови (Масовно создавање на содржински идентични прилози (теми) и/или одговори),што значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Ако сте вознемирени од спамовите, не се двоумете да не контактирате на: info@makdom.mk

Совети за заштита на лозинка

Ве молиме применувајте ги следниве мерки на претпазливост: Чувајте ја Вашата лозинка во тајност и не ја делете со другите.

 

Избегнувајте употреба на истата лозинка која ја користите и за други веб страници. Ако имате впечаток дека неовластено лице ја открило Вашата лозинка, веднаш променете ја лозинката и за тоа известете ги MakDom.mk .

 

Вашата е-пошта нема да биде прикажана. Наместо тоа, потенцијалниот клиент може да Ви напише преку контакт-формулар или во детален случај преку е-пошта.

Старосна граница

За да можете да ја користите оваа страница морате да имате наполнето 18 години. Членови под 18 години на МакДом не се прифаќаат.

Престанок, суспензија

МакДом го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на МакДом во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на МакДом, не тргувал во согласност со условите на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, МакДом ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот,а неговите податоци ќе се чуваат во предвидениот рок.

Промени во Политика за Приватност

Имајте предвид дека политиката за приватност и условите на употреба на МакДом можат во секое време да бидат променети и актуализирани. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете овде кај услови на употреба на МакДом.

Со користење на услугите, Вие се согласувате на наведените услови.

Отстранување на содржини

МакДом го задржува правото да ги промени, помести, преработи или избрише огласите и записите на МакДом. МакДом експлицитно го задржува правото, во секое време да менува, надополнува или брише делови на веб страната или целата објава без претходна најава, или објавувањето времено или трајно да го запре.

Контакт со МакДом

Доколку имате било какви прашања, ве молиме контактирајте не на:

 

info@makdom.mk

+38977925240