MakDom – 5 места вредни да ги посетите во Битола

Битола е место каде што се среќаваат османлиската и европската култура, и град со најголем број на конзулати собрани на едно место на Балканот. Битола е  урбан и модерен град кој нуди бројни споменици на културата, ја негува традицијата и ви овозможува да ја откриете историјата на некогашна античка Македонија преку главниот локалитет Хераклеа. Доколку сакате да ја искусите “Македонија во мало“, Битола е вашата следна станица на патот.

Битола, како туристичка дестинација изобилува со многу места за посета, културни настани за апсорпција и беспрекорни пејзажи вредни за уживање.нуди широк спектар на работи што може да се прават за време на  посетата. Проследено со традиционална храна, убави и релаксирачки кафулиња и ресторани, ја прави Битола совршено место за живеење и одлична туристичка дестинација за престој и патување.Битола иако е втор по големина град веднаш по Скопје, опкружен е со многу природни и културни богатствата,  од кои позначајни се античкиот локалитет Хераклеа и националниот парк Пелистер кои овозможуваат совршен спој на неколку видови туризам.

Битола

За љубителите на историјата и културата и за тие што сакаат да ја истражат Битола во предлагаме неколку места, локалитети и знаменитости кои може да ги посетите за време на вашиот престој во преубавата Битола:

Хераклеја Лин

ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС

Започнете ја вашата посета на Битола со археолошкиот локалитет Хераклеа кој го става градот на главната туристичка мапа и место вредно за посета поради вечната историја која е проткаена во овој локалитет . Херкаклеа Линкестис е огромен отворен комплекс од антички грчки, римски и ранохристијански урнатини, вклучувајќи ѕидови, столбови-колони, неверојатно добро сочувани мозаици на подот и крунскиот скапоцен дел, масивниот театар со 3.000 седишта. Додека одите по уличките обележани со камен-темелници, можете да видите остатоци од бањи, бискупска палата, судница, фонтани и две базилики. Поголемата базилика содржи извонреден сет на подни мозаици од 5-тиот век кои прикажуваат библиски слики (Дрвото на животот, рајската градина), голем број животни вклучувајќи речиси вистински лавови, пауни и бикови и детални геометриски обрасци.

Музеј Битола

МУЗЕЈ БИТОЛА

Сместен во жолта зграда на работ на Градскиот парк, Музејот Битола (официјално НУ Завод и музеј Битола) содржи збирка артефакти од ископувањата во Хераклеја, кои датираат од 1 до 6 век од нашата ера и се изложени во стандарден стаклен кабинет на увид на заинтересираните посетители.

Вториот дел од музејот е посветен на Мустафа Кемал Ататурк, таткото на денешна Турција, кој е роден во Солун и во Битола завршил воено средно училиште  во 1899 година. „Собата Ататурк“ содржи примероци од неговите рани години, вклучувајќи книги, трудови и пијано.

Мал дел од музејот оддава почит на битолската еврејска историја. Заедницата која била целосно збришана за време на Холокаустот е прикажана преку плоча на која се наведени имињата на оние кои биле депортирани од реонот на Битола за време на 2-та Светска војна.

Широк Сокак

ШИРОК СОКАК

Улицата Широк Сокак е место кое треба да се посети и да се види во Битола. Овој пешачки булевар е шеталиште со мноштво на продавници, кафулиња и ресторани. Започнува на плоштадот Магнолија, главниот плоштад во Битола. Оттука веќе можете да ја почнете прошетаката и да ги разгледате старите куќи со македонски и отомански стил. Откако ќе ја разгледате  блиската Саат кула  и фонтаната Сонцето од Вергина на плоштадот Магнолија, може да ја започнете вашата прошетка по улицата Широк Сокак. Домаќините викаат: ако не одвоите време да се напиете кафе, а луѓето не ве гледаат од кафулињата покрај улицата Широк Сокак, тоа е како да не сте биле во Битола. Велат дека најзгодните девојки во Македонија парадираат горе-долу по улица облечени во својата најдобра облека.

Типична конзулска зграда (Руски конзулат) и архитектура

РАЗГЛЕД НА СТАРИТЕ КОНЗУЛСКИ ЗГРАДИ И БИТОЛСКАТА АРХИТЕКТУРА

Некогаш најубавите куќи во целиот град (и не премногу заостанати според денешните стандарди), 12-те битолски конзулати се поредени по должината на Широк сокак. Сите се дизајнирани во романтична европска архитектура со регионален белег.

Рускиот конзулат е најкарактеристичен – тоа е тесната зграда со мали балкони и заоблени прозорци. На градската мапа се означени и старите британски, грчки, француски и српски конзулати, додека локацијата на италијанскиот, американскиот и бугарскиот конзулат е мала мистерија.

Старата архитектура, мноштвото на згради, куќи, апартмани, вили и многуте странски дипломати и странски гости ја прават Битола прекрасно место за живеење и уживање.

Стара Чаршија-Битола

СТАРАТА ЧАРШИЈА

За туристите најомилениот дел од Битола е старото Турско(Отоманско) Маало или Стара Чаршија, се наоѓа веднаш преку реката Драгор, 400 метри подалеку од плоштадот Магнолија.

Како и Старата скопска чаршија, така и Битолската чаршија својот развој го доживеала за време на Османлиското ропство. Во најдобрите времиња, имала некаде помеѓу 900 и 2.000 продавници и до 40 кафулиња сместени помеѓу камените премини. Денес чаршијата не е толку атрактивна во споредба со раздвижениот Ширак сокак – претпоставувам дека е знак на времето, бидејќи повеќето луѓе ги претпочитаат сега модерните кафулиња наместо старите кафулиња.

Национален парк Пелистер

НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК “ПЕЛИСТЕР“

Би било штета да дојдете во Битола и да го пропуштите Националниот парк Пелистер, природен резерват од 17.150 хектари на северната страна на планината Баба. Неговата блага клима и благата падина го прават идеален за пешачење и скијање. Националниот парк Пелистер е дом на уникатна  флора и фауна, како и природни извори, водопади и глацијални езера. 29% од флората и фауната во Македонија се наоѓаат во Пелистер. Нејзиниот најпознат вид е дрвото Молика, кое може да порасне до 40 метри (131 стапки) високо и да живее повеќе од 200 години.

Пелистер може да се пофали со неколку пешачки патеки и јасно обележани природни планински патеки, како и со јавање коњи, места за излет, качување по карпи и скијање. Посетителите можат да преноќат во едно од сместувачките места лоцирани во паркот како што се: Хотел Молика, Хоелот Шумски фенери, Капри Хотелот и мноштвото на ресторани, хотели, апартмани и вили под падините на планината Пелистер.

Blogs
Што е Ново во Тренд

Поврзани Блогови

Регистрирај се за Билтен

Добивајте ги најновите Новости


Newsletter BG