MakDom – Зошто вреди да се посети Скопје?

Патниците кои го истражуваат балканскиот регион не треба да го пропуштат градот Скопје. Со својот спој на традиција и необични модерни елементи, главниот град на Северна Македонија е главна попатна станица на секоја балканска маршрута. Малку е веројатно дека сте сретнале место како Скопје, и зарем тоа не е толку добра причина за да видите за што се работи?

И покрај тоа што Скопје има многу знаменитости, не ви треба премногу време за темелно да го  истражите. Најдобрите работи што може да се направат и видат во Скопје ја покажуваат историската страна на градот и неговиот модерен обид за реинвенција, откривајќи ви спој на новото и старото доба на градот. Иако никогаш не можете целосно да запознаете град само со кратка посета, еден ден во Скопје е доволен за да видите зошто овој балкански град е толку фасцинантен.  

Она што толку брзо паѓа во очи е веројатно сета различност што Скопје може да ја понуди. Урбаниот динамичен живот, културното наследство, традицијата поминаа на многу привлечен начин, мешавина од старо и ново, урбанизмот и природата. Сè работи, повеќе или помалку во тандем, за да донесе единствено и уникатно искуство. 

Скопје

Обновен по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, градот низ годините го обликуваше своето лице прилично интуитивно и преродбенички. Главниот проект го испорача Кензо Танге, светски познатиот јапонски архитект, кој го направи планот и за Хирошима. Многу децении подоцна, во 2010 година беше најавен проектот „Скопје 2014“, со главна цел на Скопје да му се даде монументален изглед и промени со мешавина од старото и новото. Забележан низ калеидоскопот на неговите посетители Скопје денес изобилува со историско-културни споменици, природни убавини и нови модерни населби со уредени урбани заедници и мноштво на модерни куќи, станови, вили и апартмани кои ги привлекуваат погледите на туристите.

За вљубениците во патувањето имаме неколку совети доколку сакаат да го посетат Скопје:

Плоштад Македонија

Плоштадот Македонија

За да ја започнете вашата дневна турнеја, централниот плоштад е одлично место за почеток на вашето истражување на градот. Колосалниот фонтански споменик на Александар Велики е навистина ретка глетка, а наоколу има споменици на други позначајни личности кои влијаеле на историјата на оваа земја. Околу големиот кружен плоштад со толпи луѓе кои редовно минуваат низ Плоштадот Македонија се наоѓа гигантската статуа позната како „Воин на коњ“. Очигледно наменета да го прикаже Александар Велики, оваа преголема статуа се наоѓа во огромна фонтана која брзо го привлекува вашето внимание. Откако ќе ја видите централната фонтана на плоштадот, ќе сакате да ги разгледате сите улици кои излегуваат од неа. Шетајќи наоколу, околу  плоштадот има неколку големи статуи на значајни личности од историјата на Македонија. По улицата „11 Октомври“ ќе ја забележите грандиозната форма на портата “Порта Македонија”, па дури и хотелот „Мериот“ на главниот плоштад со елегантен дизајн во барокен стил.

Кејот на Вардар

Кејот на Вардар

Од плоштадот Македонија, следниот дел од Скопје кој е вреден да се истражи е кејот на реката Вардар што тече низ градот. Поврзувањето на главниот плоштад со историскиот центар на север е прекрасниот Камен Мост, можеби следната најзначајна знаменитост по статуата „Воин на коњ“. Камениот мост всушност датира од 6 век па затоа гордо стои како заштитен симбол на грбот и знамето на Скопје.

Интересно е што Камениот Мост се издвојува во споредба со остатокот од брегот на реката овде во центарот на градот. Во последните години голем напор е вложен во ре-обновата на овој дел од градот со нови мостови, шеталишта и згради. Во зависност од вашите вкусови, веројатно ќе најдете дека овој грандиозен стил на архитектура е или импресивен или контроверзен, но некако интересен во секој случај. Местата што не треба да ги пропуштите го вклучуваат мостот што води до Археолошкиот музеј во градот со низата бескрајни статуи и раскошни улични светилки, како и двата бродови во реката кои служат како ресторани, а и како хотел.

Стара чаршија

Старата чаршија

Преминувајќи го Камениот мост, ќе се најдете како шетате низ историската Стара чаршија. Создадена од традиционални згради, дуќани, ресторани и кафулиња, чаршијата е трговски центар во Скопје уште од 12 век. За разлика од центарот на градот, османлиското наследство во чаршијата е силно изразен како во архитектурата,  така и во неколкуте џамии во старата чаршија.

Најголемата чаршија на Балканот, Старата чаршија се состои од долга главна пешачка улица и многу тесни улици по кои вреди да се шетате за да се впие историската атмосфера таму. Ако истражете доволно добро, можеби ќе ја најдете историската кафана наречена Капан Ан која датира од 15 век.

Тврдина Кале

Тврдината Кале

Другото обележје на Скопје кое се наоѓа на официјалниот грб на градот е тврдината Кале. Надвор од Старата чаршија, ова е една од најбитните обележја што вреди да се посети. Се верува дека датира од 6 век со неколку доградби  низ минатото, тврдината долго време влијаела на судбината на градот. Откако ќе го пронајдете патот до тврдината, можете да одите по утврдените ѕидини и да уживате во добрите гледки на градот. Како и поголемиот дел од Скопје, тврдината претрпе оштетувања за време на земјотресот во 1963 година, но беше подложена на поправки и ископувања неколку пати во последната деценија.

Спомен куќа на Мајка Тереза

Спомен куќа Мајка Тереза

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека светски познатата мисионерка и светица Мајка Тереза е всушност родена во градот Скопје. Без сомнение, најпознатата личност што доаѓа од градот, има смисла дека да и се оддаде почит и да се продолжи нејзиното наследство. Иако има многу плочи расфрлани за градот со цитати од Мајка Тереза, Спомен-куќата Мајка Тереза е главното обележје посветено на неа. Изграден на местото на црквата во која била крстена Мајка Тереза, овој споменик содржи мал музеј и галерија кои го документираат нејзиниот живот преку фотографии и реликвии. Внатре има дури и мала капела каде што се одржува миса секој вторник.

Blogs
Што е Ново во Тренд

Поврзани Блогови

Регистрирај се за Билтен

Добивајте ги најновите Новости


Newsletter BG